Construction

Close

FREE QUOTE TODAY

Fill out the form below and get a free quote today.




Нашиот процес

Изградба

Како проектирањето така и изведбата си има свои фази, преку кои објектот ја добива својата форма и конечен изглед. Почетна и основна, а може да се каже и главна фаза е фазата т.н. „карабина“, со која се формира конструктивниот систем на објектот. Изработката на карабината е многу одоворна инженерска работа која доколку небиде изработена и контролирана од страна на стручни лица, истата може да претставува голема опасност во понатамошниот експлоатационен период.

Сара-4 изведува армиранобетонски конструкции, дрвени и челични конструкции, кои се и најзастапени коструктивни системи за нашето подрачје, а и скоро секаде во светот.

По фазата „карабина“ следуваат сите занатски работи кое се пропратни фази за како што кажавме објектот да го добие својот конечен изглед.

Во изведбата на занатски работи се употребуваат различни видови на материјали кои се застапени на кај нас на пазарот, а нормално ги исполнуваат бараните квалитети, стандарди и се разбира цена. Сета оваа организација го доведува објектот до финална вредност или т.н. „клуч на рака“.