ПРОЕКТИРАЊЕ

Close

FREE QUOTE TODAY

Fill out the form below and get a free quote today.




Како работи

Проектите од изработени од страна на Сара-4 ги содржат сите потребни фази кои се потребни за реализација на објектот и негово спроведување во административните служби.

Проектите ги содржат следните фази:

1) АРХИТЕКТУРА

Архитектонското решение се изработува со помош на компјутерски софтвер со кој целосно се прикажуваат сите основи и потребни пресеци, а исто така овозможува и 3D визуелизација (тродимензионална претстава на објектот), преку која ќе можете да го видите објектот пред неговата реализација. Предноста на 3D визуелизацијата се состои во тоа што може поубаво да ги видите, а со тоа имате можност да ги искорегирате и прилагодите потребите и барањата за објектот по Ваша желба уште при самото проектирање.

2) СТАТИКА

Статичката пресметка исто така ја изработуваме со помош на компјутерски софтвер за димензионирање во 3D модел. Предноста на ваквото димензионирање се состои во тоа што излезните податоци се беспрекорно статички оправдани, а воедно и најекономични. Се исцртуваат сите детали на пресеците со што се овозможува изведбата да биде направена онака како што е и проектирана.

3) ХИДРОТЕХНИКА И ППЗ

Водовод, канализација и ППЗ – противпожарна заштита.

Во оваа фаза се врши целосен приказ за водење на ВВ инсталаци како и нивно димензионирање на пресеците за да ги исполнуваат во целост техничките норми, потребите и барањата на современиот начин на живот. Се дава решение за водоводната и канализационата инсталација од приклучокот па се до внатрешните изливни места т.е. санитариите.

4) ЕЛЕКТРИКА

Во оваа фаза исто така се дава решение за електричните инсталации, надвотешниот довод, надворешната и внатрешната инсталација до потрошувачите. Димензионирањето се врши во зависност од намената и потрбите на објектот и на инвеститорот.