Сара – 4 е семејна фирма која работи во континуитет повеќе од четвртина век и денес претставува една од водечките од областа на градежништвото. Основана е во 1995 г. од страна на дипл. град. инг. Соња Апостолова како проектанско биро со основна дејност проектирање (станбени објекти за индивидуално и за колективно домување, објекти за администрација, произвдствени погони, објекти за складирање, различни работилници, фарми, фотоволтаици и др).
Од 2006 година наваму, покрај проектирање, работи комплетен инженеринг и изведба на објекти за други инвеститори, но често се јавува и како инвеститор на сопствени објекти.
Од самите почетоци до денес Сара – 4  се усовршува и надоградува во секоја сфера, како во проектирањето, исто толку и во изведбата, доказ за тоа се големиот број на проектирани и реализирани објекти и задоволни клиенти.

Што можеме и што знаеме?

  • Изготвување на Идеен проект;
  • Изготвување на Главен проект со сите фази, поднесување на проектот и добивање на Одобрение за градба;
  • Изградба на објекти од ископ на земја до технички прием и клуч на рака;
  • Комплетен инженеринг и логистика во сите етапи и фази на проектирање и изведба;
  • Сопствена механизација.

Нашите услуги

  Секој просторен метар станбен простор секаде чини приближо исто, важно е како ќе се проектира. Кога Ви треба проект, важно е да одберете проектанска куќа која ќе одговори на…

ГРАДИТЕЛИ ПРЕД СÈ! Што не прави различни од останатите? За да се изведе еден објект кој ќе биде безбеден, функционален, естетски современ, сеедно со каква намена ќе биде, главни се...

  Тоа е дејност на специјалисти кои се фокусирани на разработка и изведба на проекти и изградба на објекти. Подразбира технички и консултантски услуги поврзани со развојот, подготовката и обезбедување…