ГРАДИТЕЛИ ПРЕД СÈ!
Што не прави различни од останатите?
За да се изведе еден објект кој ќе биде безбеден, функционален, естетски современ, сеедно со каква намена ќе биде, главни се две етапи:
- проектирање кое е неопходно за да се добие одобрение за градба,
- изградба која треба проектот да го материјализира и да го доведе до својот конечен изглед.
Секое проектирање има свои фази, од развивање на основната идеја според барањата на инвеститорот, до главен проект според кој објектот ќе се изведува а треба да ги содржи сите фази: архитектура, конструкции (статика), хидротехника (водовод и канализација), електрика, машинство и сите потребни елаборати. Сара – 4 го проектира Вашиот објект со сите фази, според Ваши барања, сѐ додека да добиете одобрение за градба.
Изведбата исто така има свои фази од расчистување на теренот и земјените работи до комплетно завршување. Најзначајно за стабилноста и безбедноста на секој објект е изградбата на конструктивните системи и конструктивните елементи (фаза карабина). Ова е најодговорниот период од изградбата која мора да биде стручен и високо професинонален, и мора да биде континуирано контролирана од стручен надзор. Исто толку важно е и користење на најсовремена опрема и техники за вградување на конструктивните материјали. Сара – 4 располага со сопствена механизација (камиони, багери, кранови, дигалки и др.) и стручни лица кои манипулираат со неа, со што се обезбедува независност од надворешни фактори кои би влијаеле на брзината на изградба со што се скратува времето за финално завршување на објектите.
Во изведбата на останатите фази (водовод и канализација, електрика, машинство, ентериер и др.), сѐ до комплетно финализирање (клуч на рака) Сара – 4 во своите објекти секогаш користи најквалитетни еколошки материјали и најстручни лица кои ги вградуваат.