Тоа е дејност на специјалисти кои се фокусирани на разработка и изведба на проекти и изградба на објекти. Подразбира технички и консултантски услуги поврзани со развојот, подготовката и обезбедување на логичен тек на процесот на проектирање и изведба. Овие услуги вклучуваат:
- Пред- проект: спроведува истражувања, изготвува физибилити студија доколку има потреба, инженерски истражувања (топографски и геомеханички), анализа на транспортна и регуларна инфраструктура, изработка на Проект за организација на градилиште и развивање на идеја до ниво на идеен проект.
- Главен проект опфаќа изработка на сите потребни цртежи за графичкиот дел, и технички образложенија и предмер на количини за текстуалниот дел за секоја фаза од проектот, поднесување на Пректот во надлежната општина и добивање на Одобрение за градба.
- Градежни активности: изведба на објектот според проект за кој е добиено Одобрението за градење, во сѐ според Законот за градење, гарантирајќи за квалитетот на вградените материјали (а-тести и испитување на градежните материјали во реномирани лаборатории за таа намена), гарантирање на изведбата со стручноста на сите лица кои учествуваат во процесот на градење во сите фази, континуирано стручно надзорирање на целокупниот процес на градба во сите фази од страна на искусни инженери, специјалисти во својата област и др.
- Пост- проект: подготовка на завршна градежна документација, изготвување на Проект за измени во тек на градба, технички прием на објектот и добивање на Употребна дозвола за користење на објектот.
- Специјални услуги: отстранување на отпадот, спроведување на правни процедури и сл.
Сара – 4 е фирма која е спремна за пружање на сеопфатен инженеринг во градежништвото што вклучува целосен опсег на услуги и широк спектар на работи и активности. Нашите архитекти, градежни, електро и машински инженери, правници, економисти, проект- менаџери и сите останати вработени гарантираат квалитет.