Нивото на приземјето е наменето за деловен простор. Со површина од 973 м2 и висина од 5,8 м, креативното решавање на ентериерот е без лимит. Со тоа што има две спратни висини се добива можност за галерија поставена на секундарна конструкција. Целата обвивка е максимално застаклена и гарантира максимално природно осветлување и проветрување.

Со атрактивната локација на објектот и неговота поставеност во однос на сообраќајната мрежа на градот, добивате добра поврзаност, лесен пристап и едноставен излез.